25 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Уште еден сериозен скандал ја тресе Владата на Христијан Мицкоски. Според документи објавени во бугарските медиуми, генералниот секретар на Владата и еден од најблиските соработници на премиерот, Игор Јанушев, е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил, Република Бугарија.
Според достапните информации, станува збор за фирма чија основна дејност е патен линиски превоз на стока, а она што е особено симптоматично е фактот што во сопственичката и управувачката структура се појавуваат лица кои се тесно поврзани со кругот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Суштината на овој скандал лежи во фактот што Јанушев ја сокрил оваа информација од македонската јавност и од надлежните органи. Во анкетните листови кои генералниот секретар ги поднел до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) нема никакви јавно достапни податоци дека тој пријавил поврзаност со компанија во соседна Бугарија.
Токму затоа, овој случај бара итна и неодложна институционална реакција. ДКСК, Јавното обвинителство и сите други надлежни институции мора веднаш да отворат постапка, детално да ги проверат сите факти и да утврдат:
Јавноста и граѓаните заслужуваат одговор на овие едноставни прашања.
Овој скандал целосно го разоткрива лицемерието на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, рушејќи го нивниот лажен патриотски наратив.
Додека пред граѓаните сеат страв дека наводно е загрозен македонскиот идентитет, високи функционери од нивните редови имаат бугарски пасоши, се бугарски државјани и слободно тераат лукративни бизниси преку бугарски компании. Нивните бизнис интереси во Бугарија цветаат, тие не чекаат со часови на граничните премини како обичните граѓани, а во исто време бесрамно ја блокираат европската интеграција на Македонија и ги кочат парите од европските фондови наменети за развој на државата.
По ваквото обелоденување, останува да лебди само едно клучно прашање: Дали Игор Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка од функцијата додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

