24 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Познатиот македонски шоумен и поранешен телевизиски сопственик, Бојан Јовановски – Боки 13, објави дека бил жртва на тешка кражба. Неговиот дом во скопската населба Бардовци бил мета на провалници во раните утрински часови, додека тој престојувал надвор од државата.
Јовановски преку своите профили на социјалните мрежи ја информираше јавноста за немилиот настан, потврдувајќи ги информациите дека неговата куќа била мета на крадци. Во своето обраќање, тој појасни дека за време на инцидентот не бил во Македонија.
„Точно е дека бев жртва на тешка кражба и провала во мојот дом во Скопје, која се случила во раните утрински часови денеска. Точно е и дека во моментот на настанот се наоѓав во Белград“, напиша Јовановски.
Случајот официјално го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од полицијата информираат дека пријавата за кражбата била примена телефонски во текот на денешниот ден.
„Денеска (23.06.2026), од женско лице телефонски е пријавена кражба во дом во Бардовци. Полициски службеници излегоа на лице место, при што сопственикот не бил затекнат. Увид ќе се врши дополнително“, се вели во соопштението од МВР.
Засега не се познати детали околу тоа што точно е одземено од домот на Јовановски, ниту пак колкава е причинетата материјална штета. Се очекува полицијата да изврши детален увид по што ќе бидат познати повеќе информации за сторителите и за украдените предмети. Полициската истрага е во тек.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

