06 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Над 14.500 матуранти во Северна Македонија денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната, стручната и уметничката матура.
Според податоците на Државниот испитен центар, за полагање матура годинава се пријавени вкупно 14.587 ученици. Структурата на пријавените кандидати е следна:
Поголемиот дел од кандидатите денеска ќе бидат тестирани по странски јазик, главно по англиски, додека дел ќе го полагаат испитот по математика или историја, во зависност од видот на матурата што ја избрале.
Задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик и литература ќе се одржи на 11 јуни за кандидатите од државната матура, односно на 12 јуни за оние кои полагаат стручна и уметничка матура.
За непречено одвивање на процесот ќе бидат ангажирани околу 2.500 тестатори и 200 набљудувачи. Надлежните потсетуваат дека за време на полагањето на испитите е строго забранета употребата на мобилни телефони и други електронски уреди.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

