06 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Процесот на европска интеграција влегува во клучна фаза која државата не смее да ја пропушти. Ова е главната порака што денеска ја упати претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, на прес-конференција одржана во рамките на меѓународната конференција „Скопска иницијатива“.
Осврнувајќи се на заклучоците од неодамнешниот Самит за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват, Филипче посочи дека е испратен јасен сигнал дека регионот недвосмислено припаѓа во европското семејство, а за првпат се нудат и нови, олеснети механизми за приближување кон полноправното членство.
Лидерот на СДСМ истакна дека новите пристапи на Унијата ќе им овозможат на граѓаните да ги почувствуваат придобивките од евроинтеграцијата многу порано од очекуваното.
„После вчерашниот самит за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват во којшто за првпат вака јавно и во оваа форма сите земји членки на Европската Унија кажуваат дека Западниот Балкан припаѓа во Европа, нудат механизми за првпат со коишто се олеснува нашата евроинтеграција и со коишто бенефитите од членство се добиваат многу повеќе и се чувствуваат дури и за време на преговорите, а не откако земјата ќе стане членка на Европска Унија,“ порача Филипче.
Според него, оваа „отворена врата“ мора да се искористи без никакво одложување, бидејќи во прашање е иднината на државата и животниот стандард на граѓаните.
„Да не ја испуштиме шансата затоа што сепак станува збор за иднината на државата, за благосостојбата и квалитетот на живот на граѓаните кои живеат тука, коишто со децении го чекаат овој момент,“ нагласи тој.
Зборувајќи за претходните искуства во евроинтегративниот процес, Филипче не ги премолчи досегашните блокади, но потенцираше дека фокусот сега мора да биде кон иднината и отворањето на преговарачките поглавја.
На крајот од своето обраќање, претседателот на СДСМ заклучи дека иднината на целиот регион лежи исклучиво во Европската Унија и дека оваа перспектива мора да се реализира преку заеднички напори.
„Иднината на Европската Унија е вклучувањето на Западен Балкан и вклучувањето на Република Северна Македонија како полноправни членки. Исто така иднината на Северна Македонија е во Европската Унија и иднината на целиот регион е во Европската Унија. Овие два процеси заеднички треба да се од
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

