14 октомври 2026
• од Гоце Кически
На Инфективната клиника почина 66-годишна пациентка од Росоман, кај која лабораториски е потврден тежок облик на западно-нилска треска со засегање на централниот нервен систем, соопшти директорот д-р Фадил Цана, според МИА.
Пациентката имала повеќе придружни хронични заболувања, а клиничкиот тек бил тежок и завршил со смртен исход, рече д-р Цана. Со овој случај бројот на починати поврзани со западно-нилска треска се искачи на 11.
На Клиниката е хоспитализирана уште една пациентка со тежок облик на болеста. Таа е на одделот за интензивно лекување и е на механичка вентилација веќе речиси еден месец.
Директорот посочи дека од 25 септември нема нови хоспитализирани случаи, што е охрабрувачки знак, но предупреди дека ситуацијата останува сериозна поради тешките случаи и ризикот за пациенти со хронични болести.
Историско чудо: Видението на Пресвета Богородица во Цариград - 14 октомври 2026
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

