12 октомври 2026
• од Гоце Кически
Ива Михаилова од Кочани, која има бугарско државјанство, пристигна во Бугарија на лекување откако доби дозвола да ја напушти Северна Македонија. Како што објави Бугарската национална телевизија (БНТ), таа легално ја преминала границата со помош на адвокат.
Дваесет и тригодишната Михаилова повеќе од една година не можела да ја напушти Северба Македонија поради судска забрана поврзана со сообраќајна несреќа во која загинало едно лице.
Според БНТ, нејзината здравствена состојба сериозно се влошила во последните месеци, а потребни ѝ се специјализирани медицински интервенции што не можела да ги добие во домашните болници.
Михаилова во моментов се наоѓа во болницата „Пирогов“ во Софија, каде што треба да добие медицинска помош.
Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев изјавил дека ќе се процени дали има потреба да ѝ биде обезбедена полициска заштита.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

