11 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Бугарската европратеничка Рада Лајкова на 10 октомври на својот профил на Фејсбук објави видео од обраќањето во Европскиот парламент, во кое побара итно да ѝ се овозможи медицинско лекување на Ива Михаилова. Таа предупреди дека одложувањето може да има трајни последици по нејзиното здравје.
Во говорот од 5 октомври, Лајкова го повика Европскиот парламент да обрне внимание на случајот, нагласувајќи ја важноста на заштитата на човековите права и правото на здравствена заштита.
„Лекарите велат дека таа има потреба од лекување, а судот повторно и повторно вели ‘не’. Постои ризик од траен инвалидитет“, изјави Лајкова.
Таа го критикуваше постапувањето на македонските судски власти, оценувајќи дека одлуките во случајот се спротивни на европските стандарди за човекови права.
„Колеги, ова не е правда, ова е казна“, порача европратеничката, повикувајќи се на одредбите од Европската конвенција за човекови права што се однесуваат на заштитата од нечовечко постапување и правото на правично судење.
Лајкова побара Европската комисија и високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика официјално да го отворат случајот пред македонските власти.
„Ива Михаилова мора да добие лекување сега, пред да биде предоцна“, порача Лајкова на крајот од обраќањето.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

