13 октомври 2026
• од Гоце Кически
Полицијата уапси 29-годишен жител на тетовското село Стримница, откако бил затекнат како управува автомобил без возачка дозвола и превезува огревни дрва без соодветна документација.
Според Министерството за внатрешни работи, лицето со иницијали И. Б. било запрено при сообраќајна контрола на 12 октомври, околу 19:30 часот, во селото Желино.
Тој управувал автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. При контролата полицајците утврдиле дека нема возачка дозвола.
При прегледот на возилото, во багажникот биле пронајдени огревни дрва без потребната документација, како и моторна пила.
Полицијата ги одзела возилото и дрвата, а по целосното документирање на случајот против 29-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

