12 октомври 2026
• од Гоце Кически
Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека лично ќе се сретне со Ива Михаилова од Кочани, која пристигна во Бугарија и се наоѓа на медицински преглед во болницата „Пирогов“ во Софија. Јотова нагласи дека најважни во овој момент се здравјето, безбедноста и соодветното лекување на Михаилова.
Како што пренесува БТА, Јотова изјавила дека ќе направи сè што е во нејзина можност лично да се сретне со Михаилова, дури и ако таа остане во болница за понатамошно лекување и медицинска грижа.
Претседателката истакна дека Михаилова може да се чувствува безбедно во Бугарија и дека во овој момент приоритет мора да биде нејзиното здравје.
„На бугарска територија нема како да биде загрозена безбедноста на Ива Михаилова“, порача Јотова.
Таа нагласи дека веќе со месеци се залага за преземање итни мерки за здравствената состојба на Михаилова, вклучително и преку обраќања до меѓународните институции.
Јотова појасни дека не била вклучена во организирањето на пристигнувањето на Михаилова во Бугарија и дека утрово дознала оти таа се наоѓа во болницата „Пирогов“ во Софија.
Според информациите од бугарските власти, Михаилова е во болницата во придружба на својот адвокат, каде што се вршат медицински прегледи за да се утврди нејзината здравствена состојба и потребата од понатамошно лекување.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

