14 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Во заедничка истрага на Министерството за внатрешни работи и американското Федерално истражно биро е откриен осомничен администратор на нелегален онлајн пазар преку кој се продавале украдени податоци и алатки за компјутерски криминал. МВР поднесе кривична пријава против 20-годишник од Голема Речица, Тетовско.
Според полицијата, осомничениот од 2023 до 2025 година администрирал домени и веб-страници поврзани со пазарот „ОЛВИКС“. На платформата биле понудени повеќе од 1.500 украдени пристапни податоци за кориснички сметки и компјутерски мрежи.
Истрагата утврдила и дека од 2025 до 2026 година тој администрирал група на Телеграм преку која се нуделе софтвер и услуги за компјутерски измами. Полицијата соопшти и дека обезбедила докази за набавка и поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца.
Пријавата е поднесена до Основното јавно обвинителство во Тетово за сомнение за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и производство и дистрибуција на материјали со сексуална злоупотреба на деца. Од МВР велат дека ова е прва заедничка координирана сајбер-операција со ФБИ и посочуваат дека меѓународната полициска соработка е важна за справување со прекуграничниот компјутерски криминал.
Историско чудо: Видението на Пресвета Богородица во Цариград - 14 октомври 2026
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

