12 октомври 2026
• од Гоце Кически
Бугарскиот Сојуз на демократските сили, партијата на поранешниот претседател Жељу Желев, по чија иницијатива Бугарија прва ја призна независноста на Македонија во 1992 година, изрази силна поддршка за Ива Михаилова и нејзиното право на лекување во Бугарија.
Во соопштение објавено на Фејсбук, партијата, која има значајна улога во демократските промени во Бугарија по падот на комунизмот, го поздрави пристигнувањето на Михаилова во земјата.
„Категорично застануваме зад Бугарката Ива Михаилова и нејзиното право да добие вистинска здравствена грижа и лекување кај нас“, соопштија од бугарскиот Сојуз на демократските сили.
Од партијата оценуваат дека здравјето и животот на Михаилова мора да бидат на прво место, пред расправите за начинот на кој таа ја преминала границата.
„Секакви дискусии дали влегла законски или незаконски се беспредметни кога станува збор за здравјето и животот на оваа млада девојка“, се наведува во соопштението.
Бугарскиот Сојуз на демократските сили изрази и сомневање дека Михаилова би добила правична судска постапка и хуман третман во Северна Македонија. Партијата тврди и дека македонските власти се обиделе да го спречат нејзиното заминување во Бугарија.
„Не веруваме дека во Северна Македонија таа ќе добие правична постапка и хуман третман и затоа ѝ честитаме за храброста да го преземе овој ризичен чекор“, порачаа од партијата.
Сојузот на демократските сили е основан во 1989 година, а негов прв лидер бил Жељу Желев. Како претседател на Бугарија, Желев се залагал за признавање на независна Македонија, што се случило на 15 јануари 1992 година, кога Бугарија станала првата држава во светот што ја признала македонската независност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

