12 октомври 2026
• од Гоце Кически
Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека не било однапред информирано за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија и дека не учествувало во организацијата на нејзиното патување. Од Министерството нагласија дека најважно во моментов е таа да ја добие потребната медицинска помош, објави БНТ.
„Ја разбираме загриженоста на семејството за здравјето на Ива. Најважно сега е таа да ја добие неопходната медицинска помош“, соопштија од бугарското МНР, додавајќи дека ќе продолжат да помагаат во рамките на своите надлежности.
Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова го оцени случајот како хуманитарен и изрази надеж дека Михаилова што поскоро ќе добие соодветно лекување во Бугарија.
Според Петрова, станува збор за хуманитарна ситуација која не добила соодветен одговор во Северна Македонија, поради што биле преземени очајни чекори.
Адвокатот на Михаилова, Николај Димитров, претходно објасни дека одлуката за заминување во Бугарија била донесена поради сериозното влошување на нејзината здравствена состојба и потребата од побрз медицински преглед и лекување.
Во меѓувреме, бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев најави дека ќе бидат проверени околностите околу преминувањето на границата. Тој посочи дека властите ќе проценат и дали Михаилова има потреба од дополнителна заштита, која ќе ѝ биде обезбедена доколку се утврди таква потреба.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

