14 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Русија води широка хибридна кампања низ Европа и останува главна закана за Обединетото Кралство и неговите сојузници, оцени директорот на британската разузнавачка служба МИ5, Кен Мекалум. Според него, Москва засега нема намера да започне војна со западните земји.
Мекалум го изнесе ова во годишната процена на заканите. Тој рече дека руските воени и разузнавачки служби ги засилуваат обидите за хибридни напади, но внимаваат тие да не преминат праг што би можел да предизвика одговор според членот пет од договорот на НАТО.
Според Мекалум, нападите често се изведуваат преку посредници, а Москва негира вмешаност. Британските служби, сепак, собираат сè повеќе докази за поврзаноста на Русија со овие активности. Тој рече дека по протерувањето на речиси 1.000 руски службеници од почетокот на инвазијата врз Украина, Кремљ сè повеќе се потпира на криминалци и доброволци за да ги спроведуваат неговите налози.
„Ова не се постапки на голема сила што има стратешка предност“, рече Мекалум, пренесе Укринформ.
Историско чудо: Видението на Пресвета Богородица во Цариград - 14 октомври 2026
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

