20 август 2026
• од Темелко Тошев
Граѓанскиот активист и новинар Петрит Сарачини во своето најново излагање се осврна на актуелните геополитички поместувања, проширувањето на Европската Унија, како и на долгогодишното, но досега игнорирано влијание на „српскиот свет“ во нашата држава.
Во анализата на актуелните меѓународни извештаи и политичките текови, Сарачини посочи дека глобалните кризи донеле промени во европската перспектива, но истовремено на површина извлекле проблеми кои со децении биле премолчувани.
Најсилниот акцент во неговиот настап беше ставен на извештаите кои за првпат отворено го нотираат влијанието на српската политика во земјава. Според него, станува збор за проблем кој е присутен со децении, но досега вешто се избегнувал во официјалните документи.
„Во однос на влијанието на српскиот свет, овие два извештаи на Вајт се први, првпат каде што тоа влијание се спомнува. Претходно ние имаме речиси триесетгодишно штетно влијание на српската политика во земјава, а тоа, колку што се сеќавам, во ниту еден извештај не е спомнато. Ни од околу, ни имплицитно, ни експлицитно“, дециден е Сарачини.
Осврнувајќи се на евроинтегративниот процес, тој истакна дека војната во Украина послужила како катализатор за будење на проевропските сили кои се залагаат за прием на нови членки, иако тие сè уште не се во целосна доминација.
Овие согледувања укажуваат на нова динамика во меѓународниот мониторинг на регионот, каде што покрај стандардните реформи, сè повеќе се посветува внимание на малигните странски влијанија кои ја кочат демократската консолидација на државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

