20 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот висок функционер и политички аналитичар, Филип Петровски, во своето најново гостување во емисијата „Во Центар“ кај новинарот Васко Ефтов, излезе со сериозни сомнежи и анализа за внатрешните состојби во ВМРО-ДПМНЕ, предупредувајќи на, како што вели, пенетрација на „длабоката држава“.
Во отворениот разговор, Петровски истакна дека постојат сериозни индиции оти партијата е ставена под контрола на безбедносните структури, кои преку неа всушност управуваат со целиот државен апарат.
„Сега мене тука јас се сомневам и многу голем проблем ми претставува што сè си мислам да не е преземена партијата од тајната служба. На почетокот беше правен обид да влезат и да гледаат да најдат мрежа, меѓу која веројатно е обидот и успешниот обид со глумец“, изјави Петровски.
Државата управувана преку партиска мрежа на службите
Анализирајќи ја моменталната политичка гарнитура, Петровски предупреди на опасностите од ваквиот начин на владеење. Според неговите зборови, доколку инсталираните ликови се веќе на самиот врв на државата, тоа е јасен сигнал за целосна консолидација на тајната служба во партиските редови.
„Ако сега таквите ликови се на врвот од државата, тоа мене ми индицира дека тајната служба ги консолидирала своите позиции во партијата, а преку партијата владее со државата. Ова е многу опасна работа“, дециден е Петровски во емисијата на Ефтов.
За време на интервјуто беше потенцирано дека одредени центри на моќ точно знаат за проблемот со контролата на државата и навлегувањето на тајните служби во виталните партиски и државни органи. Овие тврдења отвораат сериозни прашања за тоа кој вистински ги влече конците на политичката сцена и колкаво е влијанието на невидливите центри на моќ врз носењето на клучните државни одлуки.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

