09 октомври 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека отвора прашања што создаваат етнички поделби, наместо политичкиот фокус да биде ставен на економијата, стандардот и заедничките интереси на граѓаните.
Во интервју за емисијата „Импакт“ на телевизија Шења, Филипче оцени дека односот на Владата кон прашањата за јазикот и балансерот повторно отвора теми од минатото. Според него, во мултиетничко општество треба да се почитуваат различностите и да се гради дијалог меѓу заедниците.
Филипче порача дека различните етнички заедници, нивните култури, традиции и јазици треба да се гледаат како богатство, а не како причина за политички конфликти. Тој смета дека политичките партии не треба да ги користат овие прашања за создавање нови поделби.
Лидерот на СДСМ додаде дека правата на граѓаните треба да се почитуваат, а јавната дебата повеќе да се насочи кон економскиот развој, подобрувањето на животниот стандард и создавањето еднакви можности за сите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

