09 октомври 2026
• од Гоце Кически
Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ бара Собранието да го повлече Предлог-законот за изменување на Законот за животната средина и да отвори јавна и стручна расправа, објави „Слободен печат“.
Од Институтот предупредуваат дека со предложените измени се бришат одредбите што го регулираат управувањето со контаминираните подрачја, меѓу кои и познатите еколошки жаришта ОХИС, Југохром и Лојане.
„Загадените подрачја нема да исчезнат ако се избришат од законот“, е суштината на предупредувањето од ИДСЦС. Според Институтот, постојните одредби предвидуваат мерење на опасните супстанции, планови за санација и институционално следење на нивното спроведување.
Македонското здружение на млади правници претходно предупреди дека бришењето на овие одредби може да создаде правна празнина и трошоците за санација на загадените подрачја да паднат врз државата и граѓаните.
ИДСЦС посочува и дека европската директива, на која се повикуваат предлагачите, не бара укинување на националните механизми за управување со загадените подрачја. Напротив, европските правила им дозволуваат на државите да применуваат и построги мерки за заштита.
Загриженост предизвикува и предлогот реконструкцијата да биде изземена од забраната за тешка и загадувачка индустрија на помалку од пет километри од населено место или заштитено природно подрачје.
Институтот бара законот да биде повлечен, текстот да биде објавен за јавен увид и пред повторно да влезе во собраниска процедура да се спроведе транспарентна стручна и јавна расправа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

