11 октомври 2026
• од Гоце Кически
Полската полиција добила информации за можен заговор за напад врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана Владислав Косинијак-Камиш. Властите оценија дека заканата е сериозна и свикаа итен состанок на безбедносните служби.
Како што објави AP, полските власти не открија повеќе детали за можниот заговор. Тие наведоа дека во последните месеци добиваат сѐ поголем број различни закани.
Полска е во зголемена готовност по три напади во училишта, во кои загина едно лице, а повеќемина беа повредени. Земјата, која е членка на НАТО и силен поддржувач на Украина, предупредува и на опасноста од руски хибридни напади насочени кон слабеење на западната поддршка за Киев.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
