29 април 2026
• од Темелко Тошев
Во мултиетничко општество како Македонија, учењето на јазикот на „другиот“ останува еден од најсигурните патишта кон меѓусебно разбирање и соживот. Сања Камберска Пејовиќ, дипломиран филолог по албански јазик и овластен преведувач, ја споделува својата инспиративна приказна за тоа како јазикот станува личен и општествен капитал.
Во интервју за новинската агенција ИНА, таа отворено зборува за својата љубов кон албанскиот јазик и бариерите што се рушат преку комуникацијата.
За Сања, почетоците не биле врзани за теорија, туку за реалниот живот. Нејзината првична мотивација била сосема практична – желбата за подобра комуникација со колегите, пријателите и луѓето со кои го споделува секојдневието.
„Со текот на времето, учењето на јазикот престана да биде само техничка вештина и стана прозорец кон културата. Почнав одблиску да ја доживувам албанската култура, да ги разбирам вредностите, традициите и начинот на размислување, што значително ги намали дистанцата и стереотипите“, вели таа.
Во контекст на македонското општество, познавањето на јазикот на сограѓаните е директен влог во меѓусебната почит. Сања смета дека кога зборувате на јазикот на некој друг, вие покажувате отвореност и искрена желба за поврзување. Токму тоа е клучот за намалување на недоразбирањата.
Според неа, јазиците денес се истовремено:
Иако лично не се соочила со директни предрасуди за својот избор, Сања забележува еден интересен феномен кај мнозинската заедница во минатото. Таа посочува дека многу Македонци кои го учеле албанскиот јазик, тоа го правеле само за основни познавања, без да го гледаат како долгорочна професионална перспектива или можност за иднината.
За сите млади луѓе кои се двоумат дали да го научат јазикот на своите сограѓани поради културни бариери или предрасуди, Сања има јасна порака:
„Не гледајте на јазикот како на пречка, туку како на можност. Со секој нов јазик добивате нов поглед на светот.“
Таа додава дека предрасудите најчесто извираат од незнаењето, а јазикот е клучот што ги отвора тие затворени врати.
„Учете од љубопитност, а не од обврска, и ќе сфатите дека разликите не нè делат, туку нè збогатуваат.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

