27 април 2026
• од Димитар Стојановски
СДСМ одржа прес-конференција по повод деветгодишнината од настаните во Собранието на 27 април 2017 година, кои партијата ги оцени како „најцрниот ден во историјата на македонската демократија“.
На прес-конференцијата, портпаролката и членка на Извршниот одбор, Богданка Кузеска, истакна дека овој датум претставува „тежок, крвав потсетник“ за тоа колку лесно, како што рече, „една криминална и недемократска власт може да ја втурне државата во провалија“.
Според СДСМ, настаните од 27 април биле „организиран обид за државен удар“, за кој одговорноста ја лоцираат кај ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот премиер Никола Груевски. Од партијата тврдат дека насилниците кои влегле во Собранието имале намера да нападнат пратеници, новинари и вработени, како и да го урнат уставниот поредок.
„Сликите од тој ден се врежани и по девет години – крвави лица на пратеници, напади со шипки и столици, уништување во храмот на демократијата“, рече Кузеска.
Во своето обраќање, таа посочи дека актуелниот премиер Христијан Мицкоски бил присутен пред Собранието на денот на нападот, додавајќи дека денес, наместо „целосна правда“, има обиди за „рехабилитација на насилниците“.
СДСМ обвини дека по доаѓањето на власт, како што велат, структури поврзани со ВМРО-ДПМНЕ овозможиле осудени лица за 27 април да бидат ослободени од затвор. Партијата исто така посочи на повторна активност на личности поврзани со настаните, меѓу кои ги спомена Јане Ченто, како и други јавни фигури.
Во контекст на странското влијание, Кузеска го спомена и Горан Живаљевиќ, оценувајќи го како симбол на надворешно мешање во тогашните случувања.
СДСМ оцени дека денес се повторуваат истите модели и структури од минатото, предупредувајќи дека државата повторно се движи кон, како што велат, „заробен систем“, со контрола врз институциите, медиумите и правосудството.
„27 април не е само потсетник – тоа е опомена што се случува кога државата ќе биде заробена“, порача Кузеска.
Настаните од 27 април 2017 година, познати како „крвавиот четврток“, остануваат еден од најконтроверзните моменти во поновата политичка историја на Северна Македонија, со долготрајни политички и правни последици.
Петер Маѓар в среда во Брисел на итни разговори за одмрзнување милијарди евра од ЕУ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

