27 април 2026
• од Темелко Тошев
Нов случај на семејно насилство и инцидент при развод ја вознемири скопската јавност. Млада мајка од Скопје синоќа пријавила во полиција дека нејзиниот малолетен син се вратил со видливи повреди по поминувањето на времето со неговиот татко.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен на 25 април 2026 година во 21:45 часот во СВР Скопје.
„Според пријавата, по одредено време детето било вратено, при што мајката забележала повреди кај него“, стои во краткото соопштение од полицијата.
Од СВР Скопје потврдуваат дека веднаш се преземени соодветни мерки. Полициски службеници работат на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.
Овој случај уште еднаш го отвора прашањето за заштитата на децата за време на конфликтни бракоразводни постапки и неопходноста од присуство на стручни лица од Центрите за социјална работа при примопредавање на малолетни лица во вакви сензитивни ситуации.
Петер Маѓар в среда во Брисел на итни разговори за одмрзнување милијарди евра од ЕУ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

