05 септември 2026
• од Темелко Тошев
Универзитетскиот професор и поранешен министер, Љубомир Фрчкоски, излезе со остри критики во врска со процесот околу статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Тој отворено говори за „чудна операција“ и „предавство“ кое, според него, се случува внатре во самите црковни редови, саботирајќи ја историската шанса за автокефалност.
Во својата најнова анализа на состојбите, Фрчкоски истакнува дека е шокиран од однесувањето на одредени структури во Црквата, кои наместо да го штитат, тие дејствуваат спротивно на македонскиот национален интерес.
Апсурдот на внатрешната блокада
Според професорот, наместо МПЦ-ОА да биде предводник и најголем поборник во решавањето на сопствениот статус, се случува парадокс во кој црквата самата ги кочи процесите.
„Како е можно Црквата да ја блокира автокефалноста? Зар тоа не е нејзин најголем интерес?“, прашува Фрчкоски, посочувајќи на нелогичноста на ваквите потези, особено ако се земе предвид дека МПЦ-ОА помина цели 55 години во изолација.
Тој додава дека во моментите кога постои реална шанса да се избори конечната автокефалност, внатре во институцијата се одвива несфатлива саботажа.
„Синкопа и предавство“
Фрчкоски ситуацијата ја опишува како „синкопа“ и повторување на детали кои познавачите на состојбите со право ги квалификуваат како чин на предавство.
„Ме запрепасти една синкопа, една сличност, повторување во детали на нешто што оние кои го знаат тоа го нарекуваат предавство. Јас после читањето апсолутно го делам нивното мислење, а тоа е предавство во Црквата кон националните интереси на Македонија, посебно во прашањата за автокефалност“, дециден е тој.
Овие коментари отвораат сериозни прашања за тоа кои струи дејствуваат внатре во МПЦ-ОА и кои се вистинските мотиви во позадината на оваа „чудна операција“, токму во периодот кога се решава деценискиот спор за нејзиниот легитимен статус во православниот свет.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

