05 септември 2026
• од Темелко Тошев
Стевчо Јакимовски доцна синоќа повторно е префрлен од затворот „Скопје“ на болничко лекување поради сериозно влошување на неговата здравствена состојба. Според првичните информации, медицинските тимови веднаш реагирале и процениле дека е неопходна итна интервенција, по што тој бил подложен на оперативен зафат.
Јакимовски неодамна помина три недели на клиничко лекување, но пред нешто повеќе од една недела беше вратен во казнено-поправната установа. Краткиот престој таму довел до ново влошување на неговото здравје, што резултирало со одлука за итна и повторна хоспитализација.
Во моментов, сè уште нема официјални детали од институциите за тоа во каква состојба се наоѓа Јакимовски по оперативниот зафат, ниту пак е прецизирана конкретната причина што ја наложила синоќешната итна интервенција.
Тој во изминатиот период отворено говореше за својата здравствена битка во јавноста, соопштувајќи дека се лекува од карцином на белите дробови и на мочниот меур и дека прима онколошка терапија.
Повеќе официјални информации за неговата моментална состојба и понатамошниот тек на закрепнувањето се очекуваат во текот на денот од здравствената установа и надлежните органи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

