05 септември 2026
• од Темелко Тошев
Професорот на Правниот факултет при УКИМ, Гордан Калајџиев, смета дека доказите кои досега се изнесени во судењето против судијата од Апелациониот суд, Ѓоко Ристов, не даваат сериозни основи за покренување на нови кривични дела. Процесот, кој го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), привлече големо внимание во јавноста, но според професорот, обвинителството во моментов „лови во матно“.
„Нема сериозни индиции, барем од ова што го слушаме, и не гледам основ да се процесуираат нови дела. Иако ОЈО-ГОКК секако може да покрене нови обвиненија и да ја прошири истрагата кон други лица, засега доказите се слаби“, изјави Калајџиев за порталот „Локално“.
Осврнувајќи се на пронајдените пари, професорот истакна дека сумата не е невообичаено голема за луѓе на такви позиции: „За двајца функционери, околу 350 илјади евра кои беа најдени заѕидани, не се преголема сума на пари што ја поседуваат.“
Калајџиев се осврна и на семејната динамика која стана дел од јавниот дискурс, особено посочувајќи ги настапите на сопругата на судијата Ристов.
„Повеќе од очигледно е дека со нејзините јавни настапи, сопругата на судијата му прави голема штета. Би рекол како да има намера да го смести во затвор, иако не знам кои се мотивите за тоа“, додава професорот.
Тој упати и критика до медиумите поради начинот на кој известуваат за овој случај, нагласувајќи дека нивната улога е проблематична бидејќи, како што вели, „фаќаат сеир за овие полуприватни работи и ги искористуваат за чист сензационализам.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

