26 април 2026
• од Темелко Тошев
Политичката партија Левица попладнево преку јавно соопштение реагира на скандалозното доцнење на породилниот надоместок, посочувајќи дека додека премиерот Мицкоски говори за „поддршка на наталитетот“, во пракса неговите функционери ги оставаат мајките без основни средства за живот.
Од партијата соопштуваат дека информациите од теренот се поразителни: институциите молчат, а мајките се принудени со недели да чекаат исплата која законски им припаѓа.
Во своето обраќање до јавноста, од Левица потенцираат дека денес е веќе 25 април, а голем дел од мајките сè уште немаат добиено надоместок за месец март.
„Мајките укажуваат дека од институциите добиваат неточни и променливи информации, најчесто дека ’секој ден се очекува исплата‘, која сепак не се реализира за сите. Исплатите се вршат селективно, по нејасни ’групи‘, без транспарентни критериуми“, велат од Левица.
Партијата го критикува фактот што не постои фиксен датум за исплата, со што државата свесно ги држи семејствата во постојана неизвесност.
Левица во својата реакција потсетува дека ова не е изолиран инцидент, туку континуирана политика на игнорирање на потребите на жените-работнички. Тие потсетуваат дека токму пратениците на Мицкоски претходно го одбија предлог-законот на Левица за забрана за отказ при бременост.
„Наместо системска поддршка за мајките кога наталитетот драматично опаѓа, десничарите на власт штедат токму на нив. Ова повторно ја докажува игнорантноста на десничарската власт кон мајките“, се вели во партиското соопштение.
Преку оваа објава, Левица упатува јавни прашања до министерот за здравство Азир Алиу и директорот на ФЗО, Сашо Клековски:
Левица останува на ставот дека ваквиот однос на власта е недозволив и бара итна исплата на сите заостанати средства, без никакви понатамошни изговори и селективни префрлања на пари.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

