25 април 2026
• од Темелко Тошев
Македонската јавност последните денови е сведок на една од најконтроверзните ситуации во високото образование. Додека институциите си ја префрлаат топката, студентите на Филозофскиот факултет (УКИМ) се најдоа под јавен линч и медиумски притисок. Нивниот „грев“? Тоа што верувале во институциите и го продолжиле своето образование со знаење и одобрение на самиот факултет.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на студентите во целост:
Најважниот факт во целата ситуација е дека студентите не направиле ништо незаконско. Тие само го искористиле своето основно уставно право на образование и надградба. Пред да се запишат, уредно се консултирале со администрацијата за втор и трет циклус, од каде добиле позитивен одговор.
Согласно чл. 5 од Правилникот за условите за запишување, јасно е утврдено дека на академски студии можат да се запишат и лица со завршени стручни студии, при што факултетот има автономија да пропише диференцијални испити. Студентите ги почнале студиите врз основа на тие информации и соодветните ЕКТС кредити.
„Како е можно студентите да бидат обвинети за нешто што им било дозволено од самата институција?“ – прашуваат тие.
Во јавноста се пласираат невистини дека студентите плаќале повеќе средства или дека станува збор за деца на влијателни функционери. Вистината е поинаква: постојат докази дека студентите уредно се запишале, редовно оделе на предавања и ги полагале испитите согласно правилниците. Да беа навистина деца на моќници, тие тивко и без никаков проблем ќе ги завршеа студиите, а немаше да бидат изложени на ваков јавен линч.
Студентите откриваат дека од октомври минатата година се наоѓаат под постојан психолошки стрес. На неофицијални средби со раководството на факултетот, им било сугерирано да не носат телефони, да не снимаат и „доброволно“ да се отпишат. Администрацијата сега одбива да им издаде документи, што дополнително ја продлабочува правната несигурност. Ваквото постапување е во директен судир со Законот за општа управна постапка (ЗОУП), кој налага секоја одлука да биде индивидуално образложена и заснована на факти.
Македонија е дел од Болоњскиот систем, каде во европската пракса најважен критериум е бројот на ЕКТС кредити.
Во Македонија, административната поделба на VIIA и VIIB нивоа создава вештачки бариери, иако јавно достапните билтени на УКИМ покажуваат дека оваа пракса (премин од стручни на магистерски и докторски студии) постоела со децении на Правниот, Економскиот и Медицинскиот факултет.
Изјавата на министерката дека не е запознаена со случајот е во најмала рака сомнителна. Постои официјален документ потпишан од проф. д-р Весна Јаневска, во кој Министерството дало мислење дека нема пречки за премин на трет циклус доколку се исполнети условите од Националната рамка на квалификации. Како е можно сега да се најавува одземање дипломи, кога министерката претходно писмено потврдила дека студентите имаат право да напредуваат?
Студентите отвораат сериозни прашања за функционирањето на Филозофскиот факултет:
ЗАКЛУЧОК: Системот на високо образование мора да почива на правна сигурност и еднаквост. Студентите не смеат да бидат жртви на системски пропусти или внатрешни академски пресметки. Кога институциите не можат да преземат одговорност за сопствените одлуки, тие удираат по најслабата карика. Студентите на Филозофски порачуваат дека ќе се борат за својата правда до крај!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

