24 април 2026
• од Темелко Тошев
Случај на врсничко насилство со тешки последици ја потресе скопската општина Арачиново. Денот кој требаше да биде исполнет со настава и дружење, во едно од локалните основни училишта се претвори во сцена на насилство откако малолетник бил нападнат и повреден од свој соученик.
Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил вчера претпладне во просториите на училиштето. Нападот бил извршен со остар предмет, по што повреденото дете итно било пренесено во болница за укажување медицинска помош.
„На 23.04.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа (ЈЗУ) 'Св. Наум Охридски' е пријавено дека кај нив бил донесен малолетник со повреда од остар предмет. Според пријавеното, тој бил повреден во основно училиште во село Арачиново од страна на негов соученик“, се наведува во полицискиот билтен.
Засега нема детални информации за тежината на повредите на малолетникот, освен дека е под медицински надзор во старата Градска болница. Полицијата веднаш излегла на терен и започнала со прибирање докази и разговори со очевидци.
Овој немил настан повторно го отвора прашањето за безбедноста во училиштата и зачестеноста на девијантното однесување кај малолетниците. Останува отворено прашањето како остриот предмет бил внесен во училишниот двор и каде биле службите задолжени за ред и мир во објектот.
Од СВР Скопје најавуваат соодветни поднесоци по документирање на случајот, согласно законите за малолетничка правда.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

