25 април 2026
• од Темелко Тошев
Додека летната сезона чука на врата, македонските туристи и бизнис секторот се соочуваат со сериозна закана од целосен колапс на граничните премини кон Грција. Новиот европски систем за влез и излез (ЕЕС) се заканува да го претвори патувањето на море во вистински кошмар.
Сојузот на стопански комори (ССК) веќе поднесе официјално барање до грчките власти за итно одложување на имплементацијата на ЕЕС (Entry/Exit System) системот за време на летниот период. Целта е јасна – да се амортизира огромниот наплив на туристи од Македонија и Србија и да се избегнат километарските колони.
Во гостувањето во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21, претседателот на Туристичко-угостителската комора при ССК, Аркан Керим, упати драматично предупредување: ако Грција не попушти, чекањето од 10 часа ќе се смета за „позитивно сценарио“.
Проблемот лежи во сложеноста на новите процедури кои бараат земање биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографирање) на самите гранични премини.
„За еден автомобил со четиричлено семејство ќе бидат потребни околу 10 минути за проверка. Тоа значи дека за еден час ќе поминат само шест возила. Ќе имаме сценарија каде 10-12 часа чекање на граница би било добро сценарио. Ќе имаме и многу подолги чекања“, истакна Керим.
Иако правилата доаѓаат од Брисел, Керим нагласува дека постои механизам за привремено стопирање на системот доколку се загрози протокот. Она што е клучно е што и самата Грција, односно бизнис секторот во северниот дел на земјата, е на иста линија со македонските барања.
Системот за влез/излез (ЕЕС) е автоматизиран ИТ систем за регистрирање патници од земји кои не се членки на ЕУ. Наместо класично удирање печат во пасошот, системот ќе ги регистрира:
Без соодветна подготовка и зголемен број на ленти и терминали, македонските туристи летово ќе треба да се вооружат со трпение, додека бизнис заедницата чека одговор од Атина кој ќе одреди дали сезоната ќе почне со одмор или со нервози на „Богородица“ и „Дојран“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

