24 април 2026
• од Темелко Тошев
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги поздравува последните случувања поврзани со стратешкиот проект за Коридор 8, кои јасно докажуваат дека овој капитален проект продолжува и покрај обидите на Владата да ја прекине неговата врска со Република Албанија.
Одложувањето на посетата на делегацијата на УНЕСКО не го доведува во прашање реализирањето на проектот, туку ја потврдува сериозноста и неопходноста од негово спроведување според проектот изготвен во времето кога ДУИ беше дел од Владата.
Како што видовме вчера, самиот министер за транспорт почна да ретерира од претходно јавно изнесените ставови и сега тврди дека дилемата не е дали Коридорот 8 ќе се гради, туку само изборот на најсоодветната траса.
ДУИ потсетува дека Коридорот 8 е проект од стратешко значење за земјата и регионот, кој:
Поддршката од Европската Унија и обврските преземени со Декларацијата од Тирана се дополнителен доказ дека овој проект е неприкосновен приоритет.
„Овој коридор нема само економска димензија, туку и посебно значење за безбедноста, регионалната стабилност и долгорочниот одржлив развој.“
ДУИ останува посветена на тоа овој проект да се реализира во целосна согласност со меѓународните стандарди и во интерес на сите граѓани. Обидите да се попречи или одложи овој проект се залудни, бидејќи Коридорот 8 е реалност во изградба и неопходност за европската иднина на земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

