18 јуни 2026
• од Темелко Тошев
„Антибугарската пропаганда нема слободен ден по 1944 година“, изјави проф. Ангел Димитров, копретседател на мешовитата историска комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија, во гостувањето во емисијата „Още от деня“ на Бугарската национална телевизија (БНТ). Во своето интервју тој се осврна на актуелните билатерални односи, застојот во работата на комисијата и неодамнешните инциденти во Скопје.
Според Димитров, известувачот за Република Северна Македонија во Европскиот парламент, австрискиот европратеник Томас Вајц, е „премногу близок до позициите на раководството на младата држава“. Со ова тој го објаснува обидот во последен момент од документот за напредокот на РСМ да се отстрани текстот кој се однесува на работата на Историската комисија.
„Кога на политичко ниво највисоките претставници на власта ставаат знак на равенство помеѓу идентитетот и интерпретацијата на минатото, што е апсолутно невистинито, тогаш е очигледно дека минатото за нив претставува трн во петицата“, истакна професорот.
Тој додаде дека извештајот нотира и други сериозни проблеми кои не се поврзани само со Историската комисија, како што се:
Во однос на неодамнешниот инцидент со запалените автомобили на бугарски дипломати, Димитров повика случајот да не се потценува, иако нема сериозни штети или повредени.
Тој нагласи дека само брзата реакција на бугарските дипломати спречила експлозија на возилата, што можело да предизвика тешки последици врз зградата на амбасадата и случајните минувачи на прометната улица. Според него, ова претставува „исклучително сериозно посегнување не само врз амбасадата, туку и врз бугарската државност“.
Поранешниот бугарски амбасадор во Скопје посочи дека мешовитата комисија се состанува редовно, но според неговите зборови „работи во празно“. Дневниот ред на состаноците не е променет веќе три години поради, како што вели, неподготвеноста на македонските колеги да ја прифатат дефиницијата за заедничка историја.
Како главна пречка тој го посочи прашањето за Охридската архиепископија. Димитров тврди дека македонската страна одбива да прифати оти нејзиното формирање од страна на византискиот император Василиј II било политички обид за зачувување на стабилноста преку давање права на населението кое претходно ѝ припаѓало на Бугарската патријаршија во Првото бугарско царство.
„За нив тоа е и современ политички проблем, бидејќи нивната црква денес се претставува како директен наследник на Охридската архиепископија и дури го додава тоа име кон сопственото официјално име“, појасни Димитров.
Димитров ја оцени политиката на македонското раководство како агресивна и порача дека Софија мора да одговори соодветно.
„Бугарија мора да има не само јасна и доследна, туку и категорична и бескомпромисна политика. Не живееме во време на политички емоции и сентименталности. Кога на политичко ниво имаме доследна, непријателска и некоректна политика кон Бугарија, таа мора да добие сериозен одговор. Така се води политика со луѓе кои само на зборови го почитуваат добрососедството“, дециден е тој.
Османи: Црн ден за Албанците, Тито се врати во Тетово со помош на Билал Касами
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

