18 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Група бугарски граѓани одговорија на неодамнешното палење на бугарските дипломатски автомобили во Северна Македонија преку мирен гест – поставување бели рози врз автомобилите на македонската амбасада во Софија.
Покрај цвеќето, граѓаните оставија и плакати испишани на англиски јазик кои ја носат следната порака: „Не за омразата. Ние не сме непријатели. Цвеќе за пријателство“ ("No to hate. We are not enemies. A flower for friendship").
За време на оваа симболична акција, бугарските полицајци им укажале на граѓаните да не поставуваат цвеќе врз возилата и им ги провериле личните карти. Организаторите на настанот истакнаа дека полицијата во Бугарија професионално си ја завршила работата, онака како што ѝ доликува на една земја-членка на Европската Унија.
„Еве која е разликата помеѓу земја-членка на ЕУ и држава која не сака да влезе во ЕУ. Владата во Северна Македонија не сака да влезе поради влијанието од 'Српскиот свет' и го држи народот како заложник за да може да си ги продолжи своите шеми“, изјави за порталот Actualno.com Илија Стојановски, потпретседател на Здружението „Потомци на бегалци и доселеници од територијата на Северна Македонија и пријатели“.
Иницијаторите на овој чин нагласуваат дека главната цел е да се смират тензиите и да се испрати јасна порака до македонските граѓани.
„Сакаме да испратиме порака до народот во Северна Македонија. Розата симболизира две работи – пријателство кон народот во Северна Македонија, но истовремено е и симболична порака до владата во Скопје дека простуваме, но не сме слепи за тоа што се случува“, изјави Стојановски.
На прашањето зошто се одбрани токму бели рози, тој објасни дека белата роза е универзален знак за пријателство и мир.
Стојановски директно се осврна и на актуелната македонска влада предводена од Христијан Мицкоски, посочувајќи дека таа мора да стави крај на омразата и да го промени начинот на говорење против Бугарите. Според него, токму таквата реторика раѓа и поттикнува инциденти, како што беше подметнувањето пожар на дипломатските автомобили.
Османи: Црн ден за Албанците, Тито се врати во Тетово со помош на Билал Касами
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

