21 октомври 2026
• од Димитар Стојановски
Преподобна Пелагија, која се празнува на 21 октомври, била покајана грешничка од Антиохија. По слушањето на проповедта за Страшниот суд, се покајала за својот дотогашен живот, се крстила и го посветила животот на верата.
Според преданието, Пелагија била позната по својата убавина и стекнала големо богатство. Еднаш влегла во црквата „Свети маченик Јулијан“, каде што епископот Нон проповедал за Судниот ден и казната за грешниците. Зборовите длабоко ја потресле. Таа со солзи го замолила епископот да ја крсти и да ја поучи за покајанието.
По крштевањето, нејзина духовна мајка станала Романа, ѓаконисата на црквата. Пелагија им го поделила на сиромасите богатството што го стекнала, а потоа заминала во Ерусалим. Таму, под машко име, се повлекла во келија на Елеонската Гора и живеела во пост, молитва и бдеење.
По три години ја посетил ѓаконот Јаков, ученик на епископот Нон. Кога повторно дошол по неколку дена, ја нашол почината и ја погребал. Според преданието, Пелагија се упокоила околу 461 година. Нејзиниот живот се памети како пример за покајание и духовна преобразба.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

