21 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Во Македонија во септември се регистрирани осум нови случаи на ХИВ/СИДА, сите кај машки лица. Во истиот месец починале двајца пациенти кај кои ХИВ бил евидентиран во 2015 и 2018 година, соопшти Институтот за јавно здравје.
Четворица од новите случаи се кај лица на возраст од 30 до 39 години. Останатите се во возрасните групи од 15 до 19, 20 до 29, 40 до 49 и 50 до 59 години.
Заклучно со 30 септември, во земјава годинава се пријавени вкупно 49 случаи на ХИВ/СИДА. Од 1987 до 2026 година се регистрирани 778 случаи: 144 лица починале, 520 живеат со ХИВ/СИДА, а 114 се водат како изгубени за следење поради иселување.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

