27 септември 2026
• од Темелко Тошев
Околу 800.000 верници присуствуваа на големата миса на отворено што папата Лав Четиринаесетти ја одржа во Париз, по што отпатува на аџилак во Лурд.
Стотици илјади луѓе се собраа долж Елисејските полиња за да го поздрават папата, кој со папамобил се движеше по двокилометарска рута од Триумфалната порта до Плоштадот Конкорд.
Според проценката на Ватикан, на мисата присуствувале околу 800.000 луѓе, значително повеќе од 600.000 претходно пријавени верници. Папата повеќепати застанувал за да ги поздрави присутните и да благослови деца.
По церемонијата во Париз, Лав Четиринаесетти отпатува во Лурд, едно од најпознатите католички светилишта во светот. Таму се молеше во пештерата поврзана со сведоштвата на Бернадет Субиру за појавувањата на Богородица во 1858 година.
Папата дел од патот до светилиштето го помина бос, разговараше со верници и се задржа во лична молитва. Во недела треба да се сретне со француски бискупи, болни лица и седуммина преживеани од сексуална злоупотреба од католички свештеници и друг црковен персонал.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

