20 октомври 2026
• од Димитар Стојановски
Министерот за здравство Сашо Клековски ја посети болницата „Мајчин дом“ во Софија, најголемата клиника за неонатологија во Бугарија. Тој се запозна со работата на установата и со современите практики за здравјето на мајките и децата.
Во разговорите со медицинските тимови биле разменети искуства и разгледани можности за соработка. Посебен акцент бил ставен на скринингот на новороденчињата и раното откривање здравствени состојби.
Болницата располага со оддел за интензивна нега и современа медицинска опрема. Во нејзини рамки работи и национална генетска лабораторија, која спроведува метаболички и генетски испитувања кај новороденчињата.
Клековски оцени дека размената на знаења и добри практики може да придонесе за подобра грижа за мајките и новороденчињата и за поквалитетно и подостапно здравство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

