21 октомври 2026
• од Димитар Стојановски
Во Кочани за првпат ќе биде отворено избирачко место за претстојните претседателски избори во Бугарија. Гласањето ќе се одржи во просториите на Фондацијата „Единство“, на улицата „ВМРО“ број 4.
Првиот круг е закажан за 25 октомври 2026 година, а евентуалниот втор круг за 1 ноември. На избирачкото место ќе можат да гласаат полнолетни бугарски државјани со право на глас.
За гласање ќе биде потребен важечки бугарски пасош или лична карта, соопшти Фондацијата „Единство“. Фондацијата добива финансиска поддршка од бугарската држава, објави „Трибуна“, бугарски медиум во Северна Македонија кој исто така се финансира од бугарската држава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

