21 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Американскиот државен секретар Марко Рубио ја оцени како позитивна средбата во Норвешка меѓу специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека разговорите не донеле изненадувања, објави Укринформ.
Рубио, кој зборуваше пред новинарите во Мумбаи за време на посетата на Индија, изјави дека Виткоф ќе ги пренесе ставовите од разговорот на претстојната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург. Средбата е планирана за среда.
Тој ги отфрли тврдењата дека Вашингтон го ограничил пристапот на Украина до сателитската мрежа Старлинк. Според Рубио, американскиот претседател и други претставници не побарале промени во системот, а неговата употреба е регулирана со приватен комерцијален договор меѓу компанијата и корисникот.
„Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски претставници, претходно објави дека сопственикот на СпејсИкс, Илон Маск, лично наредил ограничување на брзината на работа на Старшилд, воената верзија на Старлинк, во Украина. Весникот наведува дека претседателот Доналд Трамп и Маск разговарале за ограничувањата по телефон.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

