06 ноември 2026
• од Елена Иванова
Русија се соочува со недостиг од системи за противвоздушна одбрана за заштита на воени објекти, вклучително и аеродроми, тврди портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук, пренесува Укринформ.
Тој за украинска телевизија изјави дека нападите од 5 ноември врз локации за лансирање беспилотни летала во близина на аеродромот Хвардијске на Крим, како и врз неколку системи „Панцир“, укажуваат на постепено слабеење на руската противвоздушна одбрана.
Според Плетенчук, некои руски воени аеродроми имаат само еден или два системи „Панцир“, додека околу резиденцијата на рускиот претседател во Валдај, како што рече, има десетици. Тој очекува недостигот да се зголемува со уништувањето на системите.
Украинската морнарица наведува дека ќе продолжи да ги напаѓа руските системи за противвоздушна одбрана, бидејќи тие ја штитат инфраструктурата што е важна за руските воени операции.
Протести по смртта на Билјана: Фемицидите не запираат во Северна Македонија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

