06 ноември 2026
• од Тодор Вангелов
Во Богданци и Скопје ќе се одржат протести по смртта на 17-годишната Билјана, со барања за целосна истрага, одговорност за евентуални институционални пропусти и посилна заштита од насилство врз жените.
Првиот собир е закажан за денеска, 6 ноември, во 19 часот во Градскиот парк во Богданци. Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат на мирниот протест под пораките „Стоп за фемицидот“ и „Правда за Билјана“.
Во Скопје, протестниот марш ќе почне в недела, 8 ноември, напладне, од паркот „Жена Борец“. Учесниците ќе поминат покрај Собранието и Министерството за правда, а маршот ќе заврши пред Министерството за образование и наука. Иницијативата „Ниту една повеќе!“ бара транспарентна истрага и забрзување на законските измени за заштита од насилство врз жените и семејно насилство.
Билјана претходно пријавила физички напад од партнерот. На 16 октомври судот изрекол привремени мерки за заштита, а полицијата подготвила безбедносен план. Девојката беше пронајдена мртва на 3 ноември во опожарено возило во близина на Богданци; во близина било пронајдено и телото на нејзиниот 21-годишен партнер. Истрагата за околностите продолжува.
Социјалната инспекција врши вонреден надзор во Центарот за социјални работи во Гевгелија, за да утврди како бил следен случајот и дали биле преземени сите мерки за заштита. Повеќе детали за протестите и случајот објави Градска.мк.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

