01 ноември 2026
• од Никола Трајковски
Началникот на српската криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен под сомнение за злоупотреба на службената положба. Приведен е и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ, објави 4NEWS.mk, повикувајќи се на белградскиот медиум „Радар“.
Според извештајот, истрагата е поврзана со случајот за убиството на Александар Нешовиќ во белградскиот ресторан „27“ во населбата Сењак. Кричак е осомничен дека во постапката фалсификувал докази и вршел притисок врз сведоци и осомничени. Овие наводи сè уште се предмет на истрага.
Кривичната пријава против Кричак и Секуловиќ ја поднел адвокат на Веселин Милиќ, поранешен началник на белградската полиција, кој претходно беше уапсен во рамки на истрагата за убиството. Обвинителството подоцна отфрли дел од пријавата против Милиќ, но во јули поднесе обвинителен предлог за други сомненија поврзани со неговото постапување во случајот.
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

