06 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова изјави дека дијалогот со Северна Македонија ќе биде тежок сè додека во земјата не се развие политички пристап што, според неа, нема да се темели на антиевропски и антибугарски пораки. Таа зборуваше за време на парламентарна расправа во Софија.
Петрова рече дека Бугарија во разговорите се води од договорениот европски консензус од 2022 година и од последователните одлуки на бугарскиот парламент. Таа ги отфрли тврдењата дека Софија подготвува дополнителни барања или дека ќе ја менува својата досегашна позиција.
Европската комисија претходно оваа недела оцени дека Северна Македонија нема напредок во процесот на пристапување кон Европската Унија. Според договорената рамка, за отворање на преговорите е потребно внесување на Бугарите во македонскиот устав.
Скопје и Софија и натаму имаат различни толкувања за условите и текот на процесот. Бугарската страна смета дека спроведувањето на договорените чекори е неопходно за напредок, додека македонската влада бара начин за продолжување на европските интеграции.
Протести по смртта на Билјана: Фемицидите не запираат во Северна Македонија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

