05 ноември 2026
• од Гоце Кически
НАТО отвори нов пазар преку кој сојузниците ќе можат побрзо да набавуваат технологии за откривање и пресретнување беспилотни летала. Решенијата ќе се купуваат директно од каталогот на Алијансата, без дополнителна тендерска постапка.
Во каталогот се вклучени 16 решенија од пет компании, избрани врз основа на претходно искуство, тестирања и вежби. Дел од технологиите веќе се користат во земји членки на НАТО и во Украина. Понудата опфаќа неподвижни, преносливи и системи што можат да се користат во движење.
НАТО ќе обезбеди 3,1 милион евра за дополнително тестирање на избраните решенија. Договорите ќе важат година и пол, а Алијансата планира редовно да ги обновува набавките за да им овозможи на сојузниците пристап до понови технологии.
Иницијативата е дел од програмата „Дрон еџ“. Во нејзини рамки, сојузниците се обврзаа во следните пет години да вложат повеќе од 40 милијарди долари во способности за одбрана од беспилотни летала.
Протести по смртта на Билјана: Фемицидите не запираат во Северна Македонија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

