06 ноември 2026
• од Темелко Тошев
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, разговараше со извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика, Фатих Бирол, за улогата на енергетската безбедност во одбраната на Алијансата.
Средбата се одржа на 5 ноември во седиштето на НАТО во Брисел, во рамки на разговорите со сојузниците во Северноатлантскиот совет.
Руте истакна дека сигурните резерви на енергија се неопходни за одвраќање и одбрана. Тој повика на посилна соработка меѓу одбранбениот и енергетскиот сектор, вклучително и со приватните компании.
„Без гориво не можеме да се движиме, без електрична енергија не можеме да ја развиваме технолошката предност, а без сигурни синџири на снабдување не можеме да го зголемиме производството во одбранбената индустрија“, порача Руте. Тој додаде дека заштитата на енергетската инфраструктура е предуслов за сигурно снабдување.
НАТО соопшти дека разговорите се одржале во четврток, 5 ноември.
Протести по смртта на Билјана: Фемицидите не запираат во Северна Македонија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

