05 ноември 2026
• од Стефан Николов
Постојните договори со соседните земји треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, заедно со неговиот протокол. Ова е важно и за напредокот на Северна Македонија во пристапните преговори со Европската Унија.
Во извештајниот период не биле преземени чекори за усвојување на уставните измени предвидени со заклучоците на Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година. Со нив треба во Уставот да бидат внесени граѓаните што живеат во земјата и припаѓаат на други народи, меѓу кои и Бугарите.
Во ноември 2025 година, властите усвоија патоказ за реформа на јавната администрација. Се работи и на патоказите за владеење на правото и функционирање на демократските институции, како и на акциски план за унапредување на правата на припадниците на заедниците. Правната и институционалната рамка за заштита на малцинствата е воспоставена, но државата сè уште не ја ратификувала Европската повелба за регионални или малцински јазици.
Разговорите со Бугарија биле насочени и кон железничкиот Коридор 8. Во ноември 2025 година двете земји потпишаа договор за подготовка, изградба и работа на тунелот на границата. За напредокот на проектот, според извештајот, потребни се континуиран дијалог и политичка поддршка. Сè уште не е објавена ревидираната тендерска документација за делницата од Крива Паланка до границата со Бугарија, а треба да се забрза и договорот со Грција за железничкиот граничен премин Кременица–Неос Кафкасос.
Протести по смртта на Билјана: Фемицидите не запираат во Северна Македонија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

