02 ноември 2026
• од Никола Трајковски
Европските земји бараат нови извори на критични минерали, додека Казахстан и Узбекистан сакаат странски инвестиции и технологии за поголем дел од суровините да ги преработуваат дома. Овие приоритети беа во фокусот на рударски форум во Ташкент, пренесува „Еуроњуз“.
Европската Унија ги смета литиумот и волфрамот за критични материјали поради нивното значење за економијата и ризиците во снабдувањето. Германија и Казахстан усвоија патоказ за индустриска соработка во периодот од 2026 до 2028 година, кој опфаќа ископување и преработка на минерали, како и производство на стоки со повисока додадена вредност.
Германската компанија „ХМС Бергбау“ развива проект за ископување и преработка на литиум во источен Казахстан. Потенцијалната инвестиција би можела да достигне 500 милиони долари, но проектот е во фаза на истражување и развој, а инвестицијата зависи од потврда дека наоѓалиштето е комерцијално исплатливо.
Узбекистан, пак, настојува да ја прошири домашната преработка и извозот на готови индустриски производи, наместо да извезува главно суровини. Државната компанија „ТМК“ бара инвестиции и техничка експертиза за нови производствени капацитети. Во септември во Берлин претставила повеќе од 140 можни проекти, со проценета вкупна вредност од 4,2 милијарди долари.
Во Брвеница до 15 часот гласале 1.515 граѓани повеќе отколку во првиот круг
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

