23 септември 2026
• од Гоце Кически
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски упати остро предупредување до Русија од говорницата на Обединетите нации, порачувајќи дека Москва може да предизвика уште многу жртви, но дека не може да ја добие војната против Украина.
Шикорски директно одговори на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, отфрлајќи ги неговите тврдења за настаните во Украина во 2014 година и за наводна целосна забрана на рускиот јазик. Тој рече дека неодамна бил во Киев и дека рускиот јазик и натаму широко се користи во украинската престолнина.
Полскиот министер истакна дека малцинствата имаат право да го користат својот јазик и дека нивните права треба да се штитат преку европските механизми. Но, како што нагласи, тоа не ѝ дава право на Русија да испраќа тенкови и балистички ракети во Украина. Шикорски предложи и претседателски избори под меѓународен надзор да се одржат истовремено во Русија и Украина.
Тој ја обвини Москва дека ја засилува војната и дека нападите сè почесто ги погодуваат цивилите и критичната инфраструктура. Полската дипломатија и пред неговиот настап најави дека Шикорски во Њујорк ќе ја претстави позицијата на Варшава за руската агресија врз Украина и за европската безбедност.
На крајот, Шикорски директно им се обрати на руските претставници, посочувајќи дека економската и одбранбената моќ на Европа и НАТО е многу поголема од руската.
„Можете да убиете уште многу луѓе, но не можете да победите“, порача Шикорски, повикувајќи ја Москва да ја прекине војната. Во последната порака до Лавров рече: „Сергеј, знам дека слушаш. Кажи му на шефот – доста е“.
ЕУ одмрзнува 4,2 милијарди евра за Унгарија по реформите за владеење на правото
Гутереш во последното обраќање во ОН повика на крај на војните и контрола на ВИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

