30 јули 2026
• од Темелко Тошев
Владејачката коалиција ВЛЕН (Вреди) преку својата официјална Фејсбук страница гордо ја сподели првата промена која новиот министер за правда, Јетон Шасивари, ја спроведе по стапувањето на функцијата. Станува збор за јазична промена на социјалните мрежи, односно додавање на албанскиот назив на официјалната Фејсбук страница на министерството.
Со оваа новина, страницата на институцијата на оваа социјална мрежа отсега официјално се вика „Министерство за правда Ministria e Drejtësisë“.
Од партијата овој потег го претставија како значаен чекор на новиот министер, прославувајќи го со јавна пофалба.
„Еве ја првата промена на министерот за правда Јетон Шасивари. Како беше и како е сега. Едно големо браво!“, стои во објавата на ВЛЕН.
Оваа објава на коалицијата, која сериозно го врамува овој потег како голем прв „успех“ на новиот министер, во дел од јавноста остави впечаток на сатира, со оглед на тоа што станува збор само за едноставна промена на име на социјална мрежа. Останува да се види кои ќе бидат следните, посуштински реформи и законски промени што ќе ги иницира Министерството за правда под водство на Шасивари.
Ахмети: Европскиот пат и Охридскиот договор се темелите на иднината на земјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

