25 јули 2026
• од Никола Трајковски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе ѝ достави на САД докази дека Русија му помага на Иран со сателитски разузнавачки податоци за напади врз американски воени бази на Блискиот Исток.
„Од почетокот на јули забележавме активна руска сателитска набљудувачка активност над земјите од Персискиот Залив и американските воени објекти таму“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс.
Според него, сателитските снимки подоцна стигнувале до Иран и постои поврзаност меѓу руското набљудување и иранските напади – пред нападите, за подготовка на операциите, како и по нив за процена на нанесената штета.
Обвинувањата за можна руска помош кон Иран се појавија и претходно. Американски извори за медиуми изјавиле дека Москва обезбедувала разузнавачки информации за позициите на американските сили во регионот.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет неодамна изјави дека постои „усогласување меѓу противниците“ и дека Русија и Кина на одредени начини му овозможуваат поддршка на Иран. Сепак, претседателот Доналд Трамп подоцна изјави дека не верува оти Москва и Пекинг директно му помагаат на Техеран.
Зеленски посочи дека на 19 и 20 јули четири американски воени бази биле во фокусот на руските сателити – две во Бахреин, една во Јордан и една во Кувајт.
Во конфликтот меѓу САД и Иран досега загинаа најмалку 18 американски војници, а десетици други се повредени во ирански напади врз американски позиции во регионот. Зеленски предупреди дека меѓународната заедница не смее да ги игнорира обидите за ширење на конфликтот и повика на зголемен притисок врз Русија.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

