08 октомври 2026
• од Гоце Кически
Унгарија во 2026 година се соочува со најтешката суша во последните 126 години. Земјата го забележа и најсушното лето од 1901 година, како и второто најтопло лето досега.
Според податоците што ги објави EURONEWS, просечните летни врнежи изнесувале само 74,1 милиметар, односно 36 проценти од вообичаеното количество. Високите температури и недостигот од дожд предизвикале сушење на почвата и рекордно ниско ниво на водата во Дунав.
До крајот на август, половина од земјата била зафатена од тешка земјоделска суша. Експертите предупредуваат дека есенските дождови нема да бидат доволни и бараат подобро задржување на водата, промени во земјоделството и долгорочни инвестиции во водоснабдувањето.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

