07 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од десетина се повредени откако вооружен напаѓач отворил оган на главниот плоштад во полскиот град Краков, соопшти полицијата, пренесува Еуроњуз. Напаѓачот бил застрелан од полицајци и пренесен во болница.
Истрелите биле пријавени во центарот на градот. Полицијата и итните служби интервенираат на плоштадот и на повеќе други локации, меѓу кои и улицата Диетла. На местото биле испратени полициски возила, возила на брзата помош и хеликоптер на итната медицинска служба.
Портпарол на локалните пожарникари за полската телевизија Полсат изјавил дека напаѓачот пукал од автомобил во движење. Полицијата ги утврдува околностите и причините за нападот.
Премиерот Доналд Туск соопшти дека редовно добива информации од министерот за внатрешни работи. Претседателот Карол Навроцки изрази загриженост и сочувство до жртвите, повредените и нивните семејства.
Протести по смртта на Билјана: Фемицидите не запираат во Северна Македонија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

